ОВЕН
Можно е конечно да пресечете во врска со вашата деловна иднина. Денот ви носи стабилност, но во љубовта се чувствувате осамено и незадоволно, и покрај тоа што сте во врска. Внимавајте на чувствителниот нервен систем.
БИК
Премногу се потпирате на другите, а одредени обврски бараат лична иницијатива. Можно е да запознаете личност што ќе ве привлече, но истовремено ќе разбуди несигурност. Чувствувате тегоби поврзани со хронични проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Финансиските турболенции ви создаваат стрес и чувство дека ја губите сигурноста. Во љубовта може да се појават недоразбирања поради неискреност на партнерот. Избегнувајте алкохол.
РАК
Во периодот што следи можно е да направите значајни деловни промени. Во љубовта ве оптоварува посесивноста на партнерот. Можно е појава на проблеми со уринарниот тракт.
ЛАВ
Ве очекува поволен ден за проширување на деловните планови и подобрување на бизнисот. Иако сте свесни за слабостите на партнерот, љубовта ве прави толерантни. Можно е чувство на хроничен замор.
ДЕВИЦА
На работа постои ризик да направите грешки што ќе бараат подолго исправување. Љубовно, денот е идеален за нов почеток со симпатијата. Можно е појава на главоболка.
ВАГА
Тешко ви е да се приспособите на барањата на околината. Вашата врска влегува во понеустоен период и се отвораат нови проблеми. Здравјето ви е стабилно.
ШКОРПИЈА
Подолго време очекувате реализација на проект што би ја подобрил финансиската состојба. Љубовта моментално не ви е приоритет. Можно е чувствителност на бубрезите.
СТРЕЛЕЦ
Фрустрирани сте од однесувањето на соработниците, а деловните проблеми се натрупуваат. Во љубовта уживате во хармонијата со партнерот. Можни се проблеми со дигестивниот систем.
ЈАРЕЦ
Иако денес имате бројни обврски, ќе успеете да издвоите време за себе. Се чувствувате сѐ посигурни во желбата за стабилност со тековниот партнер. Можно е појава на алергиски реакции.
ВОДОЛИЈА
Постои ризик да избрзате со деловна одлука и подоцна да зажалите. Љубовта ви носи убави моменти и позитивни промени. Внимавајте на настинки.
РИБИ
Ако имало кавга на работа, денес имате можност за смирување и компромис. Во љубовта владее склад и уживање. Можно е колебање на крвниот притисок.























