Греењето е во полн ек, температурите паѓаат, а експертите препорачуваат спалната соба да се одржува на околу 18°C. Тоа е температура која му помага на телото природно да се опушти и да влезе во фаза на квалитетен сон.
Според стручњаците, нема потреба температурата ноќе да се зголемува. Претоплата просторија го нарушува сонот, а може и негативно да влијае на здравјето, бидејќи централното греење дополнително го суши воздухот. Сувиот воздух ги иритира дишните патишта – го зголемува ризикот од ринитис, астма и вирусни инфекции – и ја суши кожата, особено кај лица со екцем или чувствителна кожа.
За подобра влага во просторијата, се препорачува гасење на греењето преку ноќ и користење навлажнувач на воздухот. Така се штитат дишните патишта и кожата, а сонот станува подлабок и подобар.























