УТРО.мк

Музиката не познава граници, исто како љубовта и добриот збор – Зарина Првасевда ве поканува на „Кадифено “ музичко патување во Филхармонија на 20 декември!

Музиката не познава граници, исто како љубовта и добриот збор – Зарина Првасевда ве поканува на „Кадифено “ музичко патување во Филхармонија на 20 декември!
Vero

Многу брзо по нејзиното појавување на македонската музичка сцена вокалистката Зарина Првасевда стана популарна кај домашната публика, која го препозна нејзиниот моќен вокал и силната страст за изворниот етно звук. Музичката инспирација ја црпи од секојдневието, од разни ситуации, природата и нејзините звуци, емоциите и луѓето, но сепак нејзината најголема инспирација се децата и младината, оние на кои нејзината генерација им должи иднина во мир, радост, сигурност и најбитно – квалитетни музички содржини. За нив вреди да се бориме, за нив вреди да создаваме, за нив вреди да се едуцираме и надоградуваме и секојдневно да се стремиме да стануваме подобри луѓе – искрено споделува Зарина.

View this post on Instagram

Патиштата на музиката понекогаш се среќаваат на најнеочекувани и најмагични места. Така и нејзиниот пат се вкрсти со оној на музичките виртуози Џенк Ердоган и Ахмет Али, токму во срцето на Турција, на Универзитетот во Кападокија каде 5 дена биле дел од меѓународен семинар – Музичко село за едукација на студенти од целиот свет. Токму тука се родило нивното музичко пријателство, а гостопримството што го почуствувала таму, во неа разбудило искрена желба истото чувство да го пренесе дома. За време на концертот, овие музичари ќе споделат дел од својата култура и традиција пред македонската публика, која пак, секогаш умее да отвори срце и слух за новото и убавото. Можност за заеднички да се вкрстат традициите, да се слушне како различни народи ја толкуваат душата преку звук, и да се види како македонската традиционална музика продолжува да живее, да се менува и да се пренесува низ генерациите.

„Често пати напоменувам и кажувам дека доколку мојата музика успее да растрепери барем едно срце, а особено на јазик кој не го разбира, тогаш јас сум најсреќниот човек на светот. За време на музичкото патување „Кадифено“, нема да се случи само обичен концерт, туку и можност за едукација, за ново различно музичко патување и вечер за паметење. Со нетрпение го очекувам денот, а исто така сум и љубопитна да видам кој ќе ни се приклучи на таа кадифена магија – вели Зарина.

Таа додава дека со македонската Филхармонија е нераскинливо врзана, и тоа поради нејзиниот прв солистички концерт оддржан таму за првиот албум ,, Ехо ’’, за кое вели дека е едно од најубавите искуства во нејзиниот живот. Овој пат, на 20 декември 2025 во Филхармонија со почеток од 19:30 часот, посетителите ќе имаат можност премиерно да уживаат во интимно, мелодиско и „Кадифено“ музичко доживување исполнето со тивка магија и уникатни вокали предводени од фантастичната Зарина Првасевда.

View this post on Instagram

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран