УТРО.мк

Претставнички на Германската стопанска комора ја посетија фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола

Претставнички на Германската стопанска комора ја посетија фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола
Vero

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева.

За време на работната посета се одржал состанок на кој биле разгледани теми од заеднички интерес, тековните активности и можностите за унапредување на соработката. Гостинките го посетиле и производствениот погон, каде што се запознале со процесите и работата на фабриката.

Посебен дел од посетата бил посветен на кабинетот за дуално стручно образование. Ученици од трета година ги претставиле програмите за практична настава и проектите на кои работат, вклучувајќи симулации на производствени процеси.

Од компанијата посочуваат дека развојот на стручните кадри и практичното образование се важен дел од соработката со младите и подготовката за потребите на пазарот на труд. Благодарност упатиле до Ванделт и Крстева Ичоќаева за посетата и разговорот.

…

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран