Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, продолжува со објавување на позитивни вести во секторот. Вкупно 107 компании и 37 стартапи отвораат 265 нови работни места со поддршка од Европската унија.
Според податоците, компаниите кои добиле поддршка бележат просечен раст од 30%, во функција се пет регионални акцелератори, а реализирани се над 9 милиони евра нови инвестиции во локалната економија. Овие резултати, според ВЛЕН, означуваат почеток на нов развоен циклус со Дурмиши на чело.
Проектите не се фокусираат само на развој на бизнисот, туку и на изградба на нов модел на економија која поттикнува иновации, зелени практики, модерно производство и агротехнологија. Ваквиот пристап создава економски раст, отвора нови можности и ја засилува европската перспектива на државата.
Од ВЛЕН го поздравуваат ангажманот на министерот Дурмиши, нагласувајќи дека со неговиот визионерски пристап и енергија, поддршката за економијата станува конкретна политика што директно влијае врз животот на илјадници граѓани. Според коалицијата, ваквите политики докажуваат дека ВЛЕН гради современа и инклузивна економија, каде секое ново работно место и секоја инвестиција во знаење и технологија претставува инвестиција во иднината на државата.
Промените веќе се видливи: економијата станува посилна и поконкурентна, отворајќи долгорочни перспективи за граѓаните и обезбедувајќи одржлив развој за идните генерации.























