УТРО.мк

Извршен државен удар: Уапсен претседателот, затворени границите и воведен полициски час

Извршен државен удар: Уапсен претседателот, затворени границите и воведен полициски час
Vero

Во Гвинеја Бисао е изведен воен пуч – армијата го уапси претседателот Умаро Ембало, ги исклучи сите телевизиски мрежи, ги затвори границите и воведе полициски час, пренесува Јутарњи лист.

Државниот удар се случи само еден ден пред објавување на привремените резултати од претседателските избори. Земјата, позната по политичка нестабилност и силна трговија со кокаин, има долгa историја на удари – најмалку девет од независноста во 1974 година.

Силно пукање се слушна во близина на претседателската палата и изборната комисија во главниот град Бисао. Неколку часа подоцна, на државната телевизија се појави генерал Денис Н’Кана и објави дека претседателот е уапсен поради, како што тврдеше, „заговор со локални нарко-кланови за рушење на уставниот поредок“.

Воените власти го прекинаа изборниот процес, ги суспендираа сите медиуми и целосно ги затворија границите.

Ембало, кој важеше за фаворит за втор мандат, наводно е уапсен заедно со дел од воениот врв и неколку министри. Дел од критичарите шпекулираат дека пучот можеби е инсцениран, но засега нема потврда.

Гвинеја Бисао со години се смета за „нарко-држава“, клучна транзитна точка за кокаин кон Европа, а трговијата процветала и за време на мандатот на Ембало.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран