УТРО.мк

Цените на нафтата нагло паднаа по вчерашниот скок над 100 долари за барел

Цените на нафтата нагло паднаа по вчерашниот скок над 100 долари за барел
Vero

Цените на нафтата забележаа остар пресврт на светските пазари, откако по краткиот скок над психолошката граница од 100 долари за барел, следеше нагло поевтинување. Само еден ден по берзанските турбуленции, суровата нафта почна да губи на вредност, при што падот достигна и до десет проценти.

На меѓународните пазари, типот Брент во понеделникот вечерта се тргуваше за околу 94,62 долари за барел, што претставува намалување од приближно 4,3 проценти. Во исто време, американската сурова нафта ослабе за околу 3,8 проценти и се движеше околу 91 долар за барел.

Овој пресврт доаѓа веднаш по драматичниот раст на цените во текот на денот, кога барел нафта накратко ја надмина границата од 100 долари, поттикнат од геополитичките тензии и стравувањата за можни нарушувања во глобалното снабдување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран