УТРО.мк

Трите најголеми банки наскоро со пониски надоместоци за платни услуги – Славески најавува позитивен тренд за граѓаните

Трите најголеми банки наскоро со пониски надоместоци за платни услуги – Славески најавува позитивен тренд за граѓаните
Vero

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави дека трите најголеми банки во Македонија наскоро ќе објават нови тарифници со пониски надоместоци за платните услуги. Овој потег доаѓа по интензивен дијалог меѓу централната банка и банкарскиот сектор, со цел подобрување на пристапот на граѓаните до поефикасни и подостапни финансиски услуги.

„Нашата интервенција во МИПС системот значително ги намали трошоците на банките и ослободи средства кои сега можат да бидат пренасочени кон клиентите. Првите резултати веќе се гледаат – следува намалување на надоместоците,“ изјави Славески во интервју за „Трилинг“.

Гувернерот најави и дека Народната банка ќе продолжи да разговара со останатите банки за воведување „разумна и општествено одговорна тарифна политика“. Според него, ваквите потези не се само во интерес на клиентите, туку и на самите банки, кои на тој начин го зајакнуваат својот углед и довербата во јавноста.

Од централната банка истакнуваат дека ќе продолжат со креирање регулаторна рамка што ќе го поттикнува развојот на квалитетни, иновативни и достапни финансиски услуги за сите граѓани и компании во земјата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран