УТРО.мк

Светски познат банкар предупредува: „2026 година може да донесе економска криза“

Светски познат банкар предупредува: „2026 година може да донесе економска криза“
Vero

Џејми Димон, извршен директор на најголемата американска банка JP Morgan, повторно ги предупреди јавноста и инвеститорите за растечките економски ризици кои би можеле да го погодат САД и светското стопанство во наредните години. Во интервју за Bloomberg Television, Димон изјави дека е „многу повознемирен“ за економската состојба отколку што тоа моментно се гледа на пазарите и во јавноста.

„Мораме да се соочиме со сите овие геополитички предизвици. Инфлацијата можеби нема да падне онака како што многумина очекуваат, што би можело да ја изненади јавноста“, рече Димон, додавајќи дека прекумерната државна потрошувачка само го зголемува инфлацискиот притисок.

На прашањето за можната рецесија во 2026 година, Димон не исклучи таков сценарио: „Мислам дека тоа може да се случи во 2026 година. Не сакам да ширам паника, но постои реална можност за економски пад.“ И покрај тоа, тој истакна дека банката и клиентите ќе можат да се справат со вакво сценарио.

Димон се осврна и на последната рецесија во САД, која се случи во 2020 година за време на пандемијата и беше најкратка во историјата, траејќи само два месеци. Сепак, тој предупреди дека сегашната економска ситуација е поразлична поради комбинацијата на висока инфлација, голема државна потрошувачка и геополитички тензии.

„Пазарите ја потценуваат ризиците“, изјави Димон за BBC, истакнувајќи дека постојат сериозни ризици од корекција на берзите кои моментно не се адекватно вклучени во проценките. Тој предупреди дека можен нагол пад на вредноста на акциите може да се случи веќе во наредните шест месеци.

Димон истакна и дека САД повеќе не се толку сигурен глобален партнер како порано, што дополнително ја зголемува неизвесноста на светската економска сцена. „Поради геополитичките фактори и фискалната потрошувачка, нивото на неизвесност треба да биде поголемо од тоа што мнозинството луѓе моментно го сфаќаат“, заклучи тој.

Неговите изјави доаѓаат во време кога Федералните резерви на САД се обидуваат да ја балансираат контролата на инфлацијата со избегнување на премногу големо економско забавување, а инвеститорите бараат сигнали за можни промени на пазарите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран