УТРО.мк

СТИГНА ПОТВРДА: Еве кога ќе се зголемат пензиите на пензионерите

СТИГНА ПОТВРДА: Еве кога ќе се зголемат пензиите на пензионерите
Vero

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на неодамнешната прес-конференција презентираше годишен извештај за реализираните активности и најави понатамошни мерки во врска со пензискиот систем.

Таа потенцира дека ќе биде исполнета законската обврска за редовно полугодишно усогласување на пензиите, и покрај тоа што во претходниот период пензионерите добија линеарно покачување од 5.000 денари.

Министерката истакна дека поради неостварување на проектираните приходи во Пензискиот и инвалидскиот фонд (ПИОМ), ќе биде потребно дополнително пренасочување на средства од буџетот кон овој фонд. Оваа мерка е вклучена и во ребалансот на државниот буџет.

Во врска со усогласувањето на пензиите, Димитриеска-Кочоска информираше дека од септември стапи на сила старото законско решение за покачување на пензиите, кое ќе продолжи да се применува. Таа додаде дека точниот износ на новото покачување ќе биде познат откако ќе заврши месецот и ќе бидат направени прецизни пресметки за остатокот од годината.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран