УТРО.мк

Рударството во Македонија: „тивкиот“ извозен мотор на кој традиционално се потпира економијата

Рударството во Македонија: „тивкиот“ извозен мотор на кој традиционално се потпира економијата
Vero

Македонија има огромен рударски потенцијал што може да биде клучен фактор што ќе го раздвижи идниот економски развој. Иако држава со богатата традицијата на експлоатација на рудите, Македонија последниве години има отворено само еден рудник, и тоа со цел да го продолжи векот на работење на компанија, која има носечка улога за локалната економија каде работи. Повеќето иницијативи за нови копови запнаа во административни лавиринти и спорни постапки, значајно провоцирани од стигмата против рудниците. 

Економските показатели ја потврдуваат и неопходноста и потребата од развој и осовременување на оваа индустриска гранка. И бизнис секторот и академијата сугерираат развојно сценарио со современи методи за еколошко рударење со јасни правила, силен инспекциски надзор и видливи локални придобивки.

Но како да го претвориме потенцијалот во реален раст?

Рударството создава  позитивен трговски биланс од околу 200 милиони долари годишно,  од кои над 75% се однесуваат на извозот на метални руди. Секторот има значајно учество во индустриското производство со 22,36 посто. Ова покажува дека покрај јадрото на големите рудници се развива и многу поширока мрежа на  добавувачи, услужни дејности и транспорт.

Рударскиот сектор е и значаен вработувач на високо стручно образован кадар, како и на висококвалификувана работна сила со плати, повисоки од просечните во регионот. Денес во оваа гранка се вработени околу 3800лица. Ресорното министерство за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) комуницира многу поширока слика, а тоа е дека околу 8.000 работни места во државата се во рударството и вадење камен. 

Илустративно во  петте најголеми рударски компании, од кои три се во Источна Македонија и имаат активности во пет рудници, најмногу работници има „БУЛМАК„. Компанијата во двата рудника, „Тораница„ и „Злетово“, вработува 804 лица. „Саса“  од Македонска Каменица вработува околу 779 лица, додека „Бучим“, кој управува и со „Боров Дол“ во двата рудника вработува вкупно 650 лица. Мермерниот комбинат од Прилеп, пак, вработува 286 лица. 

„Од аспект на бројот на вработени, во Булмак сме лидери во индустријата со 804 лица за потребите на двата рудници „Тораница“ и „Злетово“. Тоа се жители на локалната заедница кои безрезервно  придонесуваат за развој на рударството во државата, а нас не прават еден од најголемите работододавци во индустриската гранка. Постојано инвестираме во развојот на вработените и во нивната заштита и безбедност. Веруваме дека заедно можеме да оствариме уште поголеми успеси и да придонесеме за поголем развој на заедницата преку редовната соработка која ја имаме со локалните претприемачи и бизниси“, велат одговорните од компанијата „Булмак“. 

Рудниците „Тораница“ и „Злетово“ се наоѓаат во близината на Пробиштип и Крива Паланка и имаат важна улога во локалниот развој на овој регионот, каде рударството е присутно со традиција. Односно, „Злетово“ е и најстариот рудник во Македонија. 

Реалната бројка на семејства кои егзистенцијално се поврзани со рударството е значајно повисока поради бројот на претпријатија кои индиректно се дел од рударството, односно обезбедуваат услуги и производи на рударските компании. 

Европската „зелена“ транзиција зависи од рударство

Експертките проценки говорат дека Македонија има солиден потенцијал во олово, цинк, бакар и злато, со нус-производи како сребро и германиум (во Pb-Zn), како и платината и паладиумот. Елементи кои се дел од европската стратегија за критични суровини за зелената транзиција. Оваа наша рударска мапа може да го најде своето место во европската агенда. Наспроти нашата дилема за рударството, во Европа тоа се врати веќе „позеленото“. Европските држави ја симнаа „капата“ пред индустријата која во значаен дел им ги изгради економиите, затоа што игра клучна улога и во европската зелена транзиција која бара масовно производство на електрични автомобили, ветерници, батерии и друго. Ова е возможно само доколку постојат доволно количество ресурси на литиум, никел, кобалт и други минерали со кои е богата територијата на Балканот.

МАНУ работи на стратегиската рамка

Владата ја задолжи МАНУ да изработи Стратегија за минерални суровини за периодот 2025-2045 со да го дефинира обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, како и одржливото искористување и потребите за експлоатација на минералните суровини кои се од клучно значење за развојот на стопанството на Република Македонија. Документот детално го разработува искористувањето и експлоатацијата на природните ресурси во следните 20 години, при максимална заштита на природните особености на животната средина и на здравјето на луѓето со користење на најсовремени паметни технологии, практики и знаења применети во најразвиените земји во светот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран