УТРО.мк

Раст на градежништвото од 21% во 2025 година, сигнал за економска стабилност, вели Николоски

Раст на градежништвото од 21% во 2025 година, сигнал за економска стабилност, вели Николоски
Vero

Градежниот сектор продолжува да ја забележува својата најсилна експанзија во последните години, со раст од 21% во третото и 14,6% во четвртиот квартал на 2025 година, што ја потврдува економската стабилност и отвора пат за нови инвестиции, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на панел-дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“.

Според Николоски, три клучни столба го поттикнуваат овој раст: инвестициите на државата во големи капитални проекти, вложувањата на локалните самоуправи и ентузијазмот на приватниот сектор. „Приватниот сектор доби мотив да инвестира, поддржан со поволни кредити обезбедени во соработка со Унгарија. Општините, пак, преку државни дотации и сопствени средства, започнаа низа инфраструктурни проекти кои значајно го стимулираат развојот на локалната економија и малите и средни претпријатија. И третата компонента се крупните државни инфраструктурни проекти кои ја движат целата економија напред“, објасни тој.

Вицепремиерот посочи дека Владата работи на неколку значајни автопатски коридори, кои долго време беа заборавени. „Автопатот Охрид–Кичево е еден од најголемите примери – по подготовките во 2024 година, во 2025 се изградија 37 километри, од кои 34 веќе се отворени за сообраќај, а оваа година се очекува да се завршат уште 21 километар. Паралелно, се гради и на трасите Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола, каде што веќе е пробиена половина од трасата“, додаде Николоски.

Николоски исто така потенцираше проекти со помала, но стратешка вредност, како изградбата на првата линија на Градскиот воз во Скопје од Зелениково до центарот на градот, со инвестиција од 6 милиони евра, која поттикнува развој на локалните градежни компании.

Локалните капитални проекти, како вештачкото езеро во Гевгелија за наводнување и потенцијално производство на електрична енергија, како и браната Отиња кај Штип за рекреативни цели, се исто така дел од стратегијата за развој на инфраструктурата која создава нови економски можности.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран