УТРО.мк

Покачени се цените на нафтата по барел поради геополитичките тензии

Покачени се цените на нафтата по барел поради геополитичките тензии
Vero

Цените на нафтата повторно пораснаа минатата недела, продолжувајќи ја серијата на раст која трае веќе пет недели, достигнувајќи нивоа невидени во последните шест месеци. Лондонскиот барел поскапе за 7,3% до 70,69 долари, додека во САД цената се искачи за 6,8% до 65,21 долари.

Главниот двигател на овој раст се геополитичките тензии меѓу Вашингтон и Техеран. Американските воени бродови се упатија кон Блискиот Исток среде неделата, додека претседателот Доналд Трамп упати повик до Иран за „брзи и конструктивни преговори“ за нуклеарниот договор.

Иран, од своја страна, изјави дека е подготвен за „рамноправен дијалог базиран на заемни интереси и почитување“, но одби да стави на маса какви било разговори за своите одбранбени способности и ракети. Трговците стравуваат дека евентуален конфликт може да резултира со затворање на Ормутскиот теснец, низ кој дневно поминуваат околу 20 милиони барели нафта, што би имало сериозни последици за глобалниот пазар.

Иран лани произведе околу 3,3 милиони барели нафта дневно, што претставува околу три проценти од светската продукција. Цените на „црното злато“ веќе забележаа пораст од речиси 15% оваа година, по падот од околу 20% во претходната, пред се поради несигурноста предизвикана од геополитичките конфликти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран