УТРО.мк

Почнаа исплатите на социјална, детска и цивилна заштита за април 2026

Почнаа исплатите на социјална, детска и цивилна заштита за април 2026
Vero

Од денеска започна исплатата на финансиската поддршка за граѓаните кои остваруваат права од системот на социјална, детска и цивилна заштита. Како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, средствата за април 2026 година веќе се префрлаат на сметките на корисниците.

Граѓаните кои располагаат со дебитни картички средствата можат веднаш да ги користат, преку подигнување готовина од банкомати, плаќање во продавници и други продажни места, како и преку електронско или мобилно банкарство.

Исплатата се одвива и за корисниците кои не користат платежни картички. За нив, парите ќе бидат достапни во филијалите и експозитурите на банките низ државата, каде што од денеска можат директно да ги подигнат средствата.

Од Министерството посочуваат дека исплатата се реализира согласно утврдениот календар, со цел навремена финансиска поддршка за сите категории граѓани кои ги користат овие права.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран