Онлајн платформата OnlyFans исплати 522 милиони фунти (околу 700 милиони долари) дивиденди на својот сопственик, украинско-американскиот претприемач Леонид Радвински, во текот на минатата и оваа година.
Платформата, каде што креаторите објавуваат различни содржини, вклучувајќи и сексуално експлицитни, минатата година оствари приход од 1,4 милијарди долари, што е девет проценти повеќе од претходната година, додека добивката пред оданочување изнесуваше 683,6 милиони долари.
Бројот на претплатници се зголеми за 24 отсто, достигнувајќи 377,5 милиони, додека 4,6 милиони креатори создадоа содржина за платформата, што е 13 отсто повеќе од претходната година. Од вкупните приходи од претплати од околу 7,2 милијарди долари, OnlyFans исплати 5,8 милијарди долари на креаторите на содржина.
Компанијата со седиште во Лондон остварува најголем дел од приходите во САД и е во сопственост на Fenix International, компанија на Леонид Радвински.