УТРО.мк

Одлични вести: Големо поевтинување на сите горива во Македонија – ова се новите цени!

Одлични вести: Големо поевтинување на сите горива во Македонија – ова се новите цени!
Vero

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати од полноќ. Бензините поевтинуваат за 2 денара по литар, дизелот за 1 денар, а екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари.

Новите цени ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,5 денари за литар,

ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,5 денари за литар,

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 69,5 денари за литар,

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 69,5 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот М-1 НС за 0,605 денари по килограм, па новата цена изнесува 39,583 денари.

РКЕ истакнува дека на светскиот пазар референтните цени на бензините се намалиле во просек за 5,67%, дизелот за 2,64%, екстра лесното масло за 6,77%, а мазутот за 1,7%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,34%, што влијаело на формирањето на цените.

Вкупното намалување на малопродажните цени на горивата е во просек 2,3% во споредба со претходната одлука на РКЕ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран