УТРО.мк

„Очекувајте чекање од најмалку 10 часа на граница“ – најави за колони кон Грција

„Очекувајте чекање од најмалку 10 часа на граница“ – најави за колони кон Грција
Vero

Сојузот на стопански комори алармира дека воведувањето на ЕЕС системот на грчките гранични премини може да предизвика сериозни застои во текот на летната сезона, доколку не се одложи неговата имплементација.

Од ССК веќе доставиле барање до грчките власти за привремено одложување на системот, со цел да се избегне метежот кој се очекува поради зголемениот број туристи од Македонија и Србија.

Во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21, претседателот на туристичко-угостителската комора при ССК, Аркан Керим, предупреди дека во спротивно, граѓаните би можеле да се соочат со екстремно долги задржувања на границата.

„Имаме поддршка од северна Грција и од хотелиерите за ова барање. ЕУ дозволува во одредени ситуации привремено замрзнување на системот. Во спротивно, ќе се соочиме со сериозен проблем. За еден автомобил со четиричлено семејство ќе бидат потребни околу 10 минути за проверка, што значи дека за еден час ќе можат да поминат само неколку возила. Тоа може да резултира со чекања од 10 до 12 часа, а можно е и повеќе“, изјави Керим.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран