УТРО.мк

Нови регулативи на ЕУ: Технички неисправните половни автомобили ќе мора да се рециклираат

Нови регулативи на ЕУ: Технички неисправните половни автомобили ќе мора да се рециклираат
Vero
soobrakjaj
soobrakjaj

Европската унија најави значителни промени во правилата за извоз на половни автомобили, со цел јасно да се одвои функционалното возило од оној „отпад“ кој веќе не е безбеден за патиштата. Новата регулатива не воведува целосна забрана за извоз, но носи построги критериуми и дополнителни трошоци за возила кои не се технички исправни.

Според најавите, современите и добро одржувани автомобили кои се на пазарот две до пет години нема да бидат проблем. Но, постарите и поевтини возила, кои често се избор на купувачите во Македонија и други трети земји, ќе се соочат со значителни предизвици. Тие ќе мора да поминат низ задолжителен технички преглед или да бидат дополнително поправани пред да добијат право за извоз.

Најконтроверзната промена се однесува на „возила на крајот од животниот век“ – автомобили кои се сериозно оштетени, поплавени над воланот, запалени, исечени или со критични системи кои не можат да се обноват без да се изгуби оригиналниот идентитет на возилото. Таквите возила повеќе нема да можат да се продаваат како половни. Наместо тоа, ќе мора да се рециклираат, што е драстична промена во однос на сегашната пракса.

Задолжителниот сертификат за технички преглед ќе носи и значителни трошоци – проценките се дека цената ќе се движи од 1.500 до 2.000 евра, што често е речиси еднакво на вредноста на самите најевтини половни автомобили. Ова значи дека многу постари возила едноставно нема да биде исплатливо да се извезуваат, што практично ќе ги затвори пазарите за најевтините автомобили во трети земји, вклучително и Македонија.

Иако новите правила сè уште не се формално усвоени, Европската комисија предвидува постепено воведување. Почетокот на спроведувањето се очекува за околу две години, а целосната контрола на извозот на постари возила во трети земји би можела да стапи на сила дури околу 2031 година.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран