УТРО.мк

Нова нафтена криза: Саудијците го стопираа клучниот нафтовод

Нова нафтена криза: Саудијците го стопираа клучниот нафтовод
Vero

Саудиска Арабија ги намали испораките на сурова нафта кон Европа откако напади со беспилотни летала предизвикаа сериозно оштетување на стратешкиот нафтовод Исток–Запад, објавува „Ројтерс“.

Поради нападите, за кои официјален Ријад ја обвинува ирачката милиција, Саудиска Арабија го запрела транспортот низ нафтоводот кој ги поврзува нафтените полиња во источниот дел на земјата со пристаништето Јанбу на Црвеното Море.

Овој нафтовод во изминатите месеци имаше особено значајна улога бидејќи на Саудиска Арабија ѝ овозможуваше дел од извозот да го пренасочи и да го избегне транспортот низ Хормушкиот теснец, една од најважните светски точки за транспорт на нафта.

Според извори од индустријата, европските купувачи веќе биле известени дека дел од септемвриските испораки ќе бидат откажани. Истовремено, утоварот во пристаништето Јанбу е прекинат, а засега нема прецизна информација кога транспортот би можел целосно да биде нормализиран.

Цената на нафтата повторно над 100 долари

Прекинот на испораките веднаш изврши притисок врз пазарот. Цената на барелот „брент“, која е важен репер за европскиот пазар, се искачи на околу 108 долари.

Уште повисоки се цените на физичкиот пазар. Според податоците на LSEG, одредени физички испораки достигнале околу 122 долари за барел.

Саудиска Арабија сега би можела да се обиде да го зголеми извозот преку Хормушкиот теснец, вклучително и преку таканаречени „темни испораки“ – танкери кои ги исклучуваат системите за следење на движењето.

Според податоците од индустријата, производителите од регионот во моментов извезуваат само дел од количините што ги испорачувале пред почетокот на конфликтот.

Полска бара нови извори на нафта

Меѓу компаниите кои се соочуваат со последиците е и полскиот енергетски гигант „Орлен“. Саудиска Арабија преку „Сауди Арамко“ стана еден од главните снабдувачи на компанијата, покривајќи значаен дел од нејзините потреби.

Поради нарушувањето на испораките, „Орлен“ веќе набавува дополнителни количини нафта од Северното Море, САД и Казахстан, а распишал и нови тендери за набавки од Алжир и Гвајана.

Од компанијата велат дека нивните рафинерии во Полска, Литванија и Чешка засега работат без прекини. Сепак, неизвесноста на глобалниот пазар останува висока, особено поради значењето на Саудиска Арабија како еден од најголемите светски извозници на сурова нафта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin