УТРО.мк

Народна банка најавува поповолни услови за станбени кредити за прв купен стан

Народна банка најавува поповолни услови за станбени кредити за прв купен стан
Vero

Народната банка најави дека подготвува мерки со кои ќе се олесни пристапот до станбени кредити, особено за млади граѓани и брачни парови кои за првпат купуваат стан. Гувернерот Трајко Славески нагласи дека целта е да се овозможат поатрактивни услови за кредитирање на објекти за живеење, со цел граѓаните кои имаат потреба од сопствен дом да добијат поддршка во услови на растечки цени на недвижности.

Во рамки на подготовките, Славески оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски, на која се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижности и за можностите за подобра размена на информации меѓу институциите. Директорот Живковски ја изрази подготвеноста на Катастарот за соработка, истакнувајќи дека точните податоци за пазарот се клучни за носење ефективни мерки.

Народната банка предложи потпишување меморандум за соработка со Агенцијата за катастар, што ќе овозможи побрза достапност на податоците, подобрување на аналитичките капацитети и поефикасно следење на пазарните трендови. Со разликување на кредитите за прво живеалиште од оние за инвестиции, како и со засилена соработка меѓу институциите, се очекува да се создадат подобри услови за граѓаните при решавање на станбеното прашање.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран