УТРО.мк

Мицкоски најави можно државно градење на Чебрен и Галиште

Мицкоски најави можно државно градење на Чебрен и Галиште
Vero

Владата е во завршна фаза на разгледување на опцијата самата да го реализира проектот за хидроелектраните Чебрен и Галиште, кој се проценува на околу 1,5 милијарди евра. Ова денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека конечната одлука ќе биде донесена по разговори со раководството на ЕСМ.

Мицкоски истакна дека државата е блиску до одлука да не се бара приватен партнер за реализација на проектот, кој, како што рече, има стратешко значење за земјата. Според него, со изградбата би се обезбедиле дополнителни резервоари со питка вода во регионот.

Тој додаде дека проектот би придонел и за подобро наводнување на Тиквешкото поле, што би имало значаен ефект врз земјоделството.

Инаку, проектот за хидроцентралите на Црна Река е стар повеќе од три децении, но досега ниту една влада не успеала да го реализира.

Во однос на проектот, министерката за енергетика Сања Божиновска порача дека постои силна желба за негова изградба, но дека финансиските предизвици остануваат клучен фактор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран