УТРО.мк

Полицијата интервенираше по насилен инцидент на автопатот Скопје–Тетово

Полицијата интервенираше по насилен инцидент на автопатот Скопје–Тетово
Vero

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово на 7 јуни околу 19 часот го лишиле од слобода А.Р. (41) од тетовското село Добридол, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на наплатната станица Желино на автопатот Скопје–Тетово, каде што А.Р. физички и со тврд предмет го нападнал Н.Џ. (28) од село Мала Речица.

Нападот бил прекинат од полициски службеници кои биле присутни на местото на настанот, по што осомничениот бил приведен и спроведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран