УТРО.мк

Малите бизниси со поголема фискална поддршка: Предлог-закон за ослободување од данок се зголемува на 4 милиони денари

Малите бизниси со поголема фискална поддршка: Предлог-закон за ослободување од данок се зголемува на 4 милиони денари
Vero

Се подготвуваат значајни измени во Законот за данок на добивка кои ќе им донесат олеснување на малите бизниси. Предложените промени, што се наоѓаат во фаза на прво читање во Собранието закажано за 10 март, предвидуваат зголемување на прагот за ослободување од данок од сегашните 3 милиони на 4 милиони денари. Целта е да се овозможи поголема флексибилност за компаниите со помали приходи и да се зајакне нивната ликвидност, што би можело да го поттикне инвестирањето, развојот и создавањето нови работни места.

Иницијативата ја потпишаа пратениците Илире Даути, Елми Азири и Зијадин Села од Алијансата на Албанците. Според нивното образложение, зголемувањето на прагот е одговор на тешкотиите со кои се соочуваат малите компании, кои често се соочуваат со високи фискални и оперативни трошоци. Со новата регулатива, тие ќе можат да задржат повеќе средства за инвестирање во сопствениот развој и за подобрување на оперативната ефикасност.

Промените се однесуваат и на вториот даночен праг, кој сега ќе опфаќа компании со приходи од 4.000.001 до 7.000.000 денари. За овие фирми, ќе биде воведена можност за избор: или да плаќаат 1% од вкупните приходи или 10% од остварената добивка, што им дава поедноставен и флексибилен даночен модел. За компаниите со приходи над 7 милиони денари, системот останува непроменет, со стандардна стапка од 10% на добивката, што обезбедува јасни и предвидливи правила.

Според предлагачите, целта на предложените измени е да се создаде поволна фискална клима за малите и средните претпријатија, кои се важен двигател на економијата. Тие потенцираат дека овие мерки ќе го стимулираат развојот, иновациите и отворањето нови работни места, што долгорочно би имало позитивен ефект врз вкупната економска активност и конкурентноста на домашните компании.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран