Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави значајно подновување на возниот парк на „МЖ-Транспорт“. Во наредниот период ќе се набават две нови товарни локомотиви, ќе се репарираат 11 постојни локомотиви, а ќе се купат и нови патнички возови.
– Владата донесе одлука за соработка со ЕБРД за репарација на 11 локомотиви, дел електрични и дел дизел, сите за карго транспорт. Со новите две локомотиви, флота ќе брои 13 единици, што ќе го реши товарниот сообраќај. Потоа ќе започне и набавка на нови патнички возови, која ќе трае околу шест месеци, со потребен период за обука на кадарот – истакна Николоски.