УТРО.мк

Македонија и Бугарија заедно ќе градат прекуграничен железнички тунел – нова етапа во поврзувањето на регионот

Македонија и Бугарија заедно ќе градат прекуграничен железнички тунел – нова етапа во поврзувањето на регионот
Vero

На 6 ноември 2025 година, на железничката станица Ѓуешево, ќе биде потпишан Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Македонија, Александар Николоски, и неговиот бугарски колега, вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов.

На свеченото потпишување се очекува присуство на претставници од Европската комисија, дипломатските мисии на земјите од ЕУ и НАТО во Бугарија, како и од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Светската банка.

Прекуграничниот тунел претставува клучен инфраструктурен проект во рамки на транспортниот коридор Западен Балкан – Источен Медитеран и стратешкиот Коридор VIII. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди недостасувачката железничка врска меѓу Македонија и Бугарија, што ќе овозможи подобар транспортен и економски проток меѓу Црното и Јадранското Море.

Според проектната документација, тунелот ќе биде долг околу 2,4 километри, од кои половина ќе се наоѓа на територијата на Бугарија. Очекувањата се дека неговата изградба значително ќе го поттикне економскиот развој на пограничниот регион, ќе ја зголеми конкурентноста на економиите и ќе ја зајакне интеграцијата на транспортните мрежи на ЕУ и НАТО.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран