УТРО.мк

Лукоил останува без купувач!

Лукоил останува без купувач!
Vero

Швајцарскиот трговец со енергенси Гунвор вчера неочекувано го повлече предлогот за купување странски средства на руската енергетска компанија Лукоил, откако Министерството за финансии на САД јавно ја нарече компанијата „марионета на Кремљ“ и сигнализираше дека Вашингтон категорично се спротивставува на договорот.

Овој потег го поништува она што можеше да стане најголемата аквизиција во историјата на Гунвор и го потенцира засилениот американски притисок да се изолира Москва од меѓународниот финансиски систем и да се намалат приходите кои Русија ги користи за водeње на војната во Украина.

Министерството за финансии на САД во објава на X порача дека претседателот Доналд Трамп „бил јасен дека војната мора веднаш да заврши“ и додаде:

„Додека Путин продолжува со бесмислените убиства, марионета на Кремљ, Гунвор, никогаш нема да добие лиценца да работи и да профитира.“

Од Гунвор реагираа остро. Директорот за корпоративни работи на компанијата, Сет Пјетрас, оцени дека изјавата е „фундаментално неточна и лажна“ и најави дека компанијата ќе работи на, како што рече, „исправување на јасното недоразбирање“.

„Во меѓувреме, Гунвор го повлекува својот предлог за меѓународните средства на Лукоил“, додаде Пјетрас.

Инаку, Лукоил минатиот месец беше цел на нова рунда американски санкции, со кои се таргетираат приходите на Русија користени за воени операции.

Компанијата има рок до 21 ноември да ги продаде своите странски средства, согласно барањата поставени од САД за запирање на деловни активности со санкционирани руски субјекти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран