УТРО.мк

Колку пари треба да имате заштедено на 30, 40 и 50 години?

Колку пари треба да имате заштедено на 30, 40 и 50 години?
Vero

Колкава заштеда е доволна во различни периоди од животот? Наместо да се следи фиксен износ, финансиските експерти советуваат заштедата да се споредува со годишната заработка.

Според насоките на американската финансиска компанија „Фиделити“, целта е заштедата постепено да расте во текот на работниот век.

Препорачаните нивоа се:

• На 30 години – заштеда во висина на една годишна плата
• На 40 години – три годишни плати
• На 50 години – шест годишни плати
• На 60 години – осум годишни плати
• На 67 години – десет годишни плати

Ако, на пример, едно лице заработува 50.000 денари месечно, неговиот годишен приход е 600.000 денари.

Во тој случај, целната заштеда би изгледала вака:

• На 30 години – 600.000 денари
• На 40 години – 1.800.000 денари
• На 50 години – 3.600.000 денари
• На 60 години – 4.800.000 денари
• На 67 години – 6.000.000 денари

Доколку приходите се зголемуваат со текот на годините, се зголемува и целната сума за заштеда, бидејќи пресметката се темели на годишната заработка во дадениот период.

Од „Фиделити“ посочуваат дека достигнувањето заштеда во висина од десет годишни заработки до 67-годишна возраст, во комбинација со други приходи во пензионерските години, може да помогне во одржувањето на животниот стандард по завршувањето на работниот век.

Сепак, овие бројки се општи финансиски насоки, а потребната заштеда се разликува од човек до човек. На неа влијаат висината на приходите, трошоците за живот, долговите, возраста на пензионирање и личните финансиски цели.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран