УТРО.мк

Кочоска: Владата позајмува за да враќа долгови од еврообврзници на претходната власт

Кочоска: Владата позајмува за да враќа долгови од еврообврзници на претходната власт
Vero

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека државата не создава буџетски суфицит за намалување на јавниот долг, туку е принудена да се задолжува за враќање на стари долгови, главно од еврообврзници издадени од претходната влада.

„Во моментов не создаваме буџетски суфицит со кој би можеле да го намалуваме јавниот долг во апсолутни износи. Како резултат на тоа, имаме години со големи доспевања на еврообврзници и државни хартии од вредност, за кои мора да обезбедиме средства – што значи повторно задолжување“, изјави Кочоска.

Според неа, само во наредните четири години секоја година ќе се враќа по една еврообврзница, сите со потекло од времето на претходната влада. Оваа година, рече таа, биле вратени 500 милиони евра, а во 2026 година следуваат нови 700 милиони евра. Ист таков износ доспева и во наредните години.

„Буквално, во четири последователни години имаме обврска секоја година да вратиме по една еврообврзница. Тоа е наследството што го сервисира оваа влада“, потенцира министерката.

Кочоска истакна дека ваквиот финансиски товар го ограничува фискалниот простор за други приоритети и ја усложнува буџетската динамика.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран