УТРО.мк

Израел ги заврши проценките: Еве колку изнесуваат загубите од војната со Иран

Израел ги заврши проценките: Еве колку изнесуваат загубите од војната со Иран
Vero

Израел ја процени штетата од војната со Иран: До 12 милијарди долари загуби

Израелската влада ја процени директната економска штета од неодамнешниот 12-дневен конфликт со Иран на околу три милијарди долари, а вкупните трошоци би можеле да достигнат и до 12 милијарди, соопштија официјални претставници.

„Ова е најголемиот предизвик со кој сме се соочиле досега. Израел никогаш досега не претрпел вакво ниво на уништување“, изјави Шај Ахаронович, генерален директор на Израелската управа за даноци, пренесе Блумберг.

Според министерот за финансии Бецалел Смотрич, крајната сума би можела да биде значително повисока, а гувернерот на Банката на Израел, Амир Јарон, процени дека трошоците сепак нема да ја надминат границата од шест милијарди долари.

Ахаронович објасни дека државата ќе мора да финансира обнова на оштетените згради, како и да обезбеди финансиска поддршка за локалните бизниси кои биле погодени од ракетните напади.

Во текот на двонеделната кампања, израелската економија беше речиси целосно во застој: училиштата и поголемиот дел од компаниите беа затворени, освен оние со статус на критична инфраструктура.

Владата планира да исплати околу 1,5 милијарди долари на фирмите кои продолжија да работат во вонредните услови, како дел од обештетувањето и економското закрепнување.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран