
Општината Sant Cugat del Vallès, во провинцијата Барселона, набавува водородно комунално возило од брендот Грин Машинс, произведено во фабриката на БРАКО во Велес.

Станува збор за современо возило на водороден погон од најновата генерација, наменето за урбано одржување со нулта емисија на штетни гасови.
,,Купувачот е град кој практично е сосед и урбано поврзан со Барселон и возилото ќе биде испорачано во април. Нашата следна цел е македонските електрични и водородни возила за чистење да ги видиме на улиците и на самата Барселона – туристички центар рангиран меѓу 10-те најпопуларни градови за посета во светот“, велат од Грин Машинс.
Водородни возила произведени во БРАКО, веќе се користат во Франција, Германија и Холандија, и ги чистат градовите Амстердам, Ротердам, Утрехт, Келн и Тулуз.
Водородните возила претставуваат најнапредна форма на технологија со нулта емисија во сегментот на комуналната механизација. Тие се финансиски значително поголема инвестиција во споредба со стандардните електрични возила и обично ги избираат општини кои стратешки инвестираат во иновации и сакаат да испратат јасна порака дека нивен приоритет се одржливоста, модерниот имиџ и примената на најновите технологии за чиста енергија.























