УТРО.мк

Европа заинтересирана заа минерали покрај Охридското езеро? Македонија во застој додека Албанија истражува можност за рудници

Европа заинтересирана заа минерали покрај Охридското езеро? Македонија во застој додека Албанија истражува можност за рудници
Vero

Европската Унија ја анализира рударската потенцијалност на Албанија, каде се откриени значителни резерви на кобалт, бакар и никел, од кои некои се во близина на Охридското Езеро. Кобалтот е клучен за литиумските батерии, бакарот за енергетика и индустрија, а никелот за различни технолошки процеси.

Според новите директиви на ЕУ за критични суровини, побарувачката за овие минерали ќе се зголеми повеќекратно до 2050 година, особено за литиум и бакар, кои се важни за зелената и дигиталната транзиција.

Во Македонија, отворени се малку рудници во последните 40 години, а единствена сериозна инвестиција е рудникот Иловица. Универзитетската професорка Соња Лепиткова истакнува дека нови рудници би можеле да обезбедат економска стабилност и развој, особено со бакарот како критичен минерал.

ЕУ веќе финансира проекти за ископ и преработка на литиум, бакар, кобалт и никел, со цел да се намали зависноста од Кина и да се поддржи зелената транзиција на континентот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран