УТРО.мк

Драстична промена на цената на нафтата утрово

Драстична промена на цената на нафтата утрово
Vero

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа, додека обновените тензии меѓу САД и Иран ги потресоа пазарите, пренесе ДПА. 

Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со претходната недела, достигнувајќи 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа слични покачувања. 

На почетокот на ескалацијата кон крајот на февруари, „брент“ се тргуваше под 70 долари.

Инцидентот означува дополнително влошување на односите меѓу Вашингтон и Техеран, само неколку дена пред истекот на договорот за привремен прекин на огнот. 

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран