УТРО.мк

Димовски: Рекордни 1,25 милијарди евра странски инвестиции во 2024 година

Димовски: Рекордни 1,25 милијарди евра странски инвестиции во 2024 година
Vero

Македонија 2024 година ја завршила со рекордни 1,25 милијарди евра странски директни инвестиции – највисоко ниво досега, изјави Гоце Димовски, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), во интервју за бизнис магазинот „Капитал“.

Според него, ваквото темпо на привлекување инвестиции ќе продолжи и во наредниот период, со уште посилна динамика. Димовски нагласува дека веќе постои сериозен интерес од странски компании со амбициозни планови за инвестирање, од кои дел се веќе реализирани или договорени во текот на 2025 година.

„Нашата цел е да привлечеме квалитетни инвестиции со високо технолошко производство и извозна ориентација, кои ќе создаваат поголема додадена вредност за македонската економија,“ изјави тој.

Новата владина стратегија вклучува усогласување со глобалните трендови и создавање инвестициска клима што ќе биде атрактивна, конкурентна и одржлива на долг рок. Променет е и пристапот кон државната помош – таа се одредува врз основа на реалниот ефект што секоја инвестиција го има врз економијата, преку детална анализа на деловниот план.

Димовски додаде дека фокусот останува на соработка со сите постојни и нови инвеститори, преку транспарентен и професионален пристап, со јасна цел: долгорочен економски раст.

Извор: Капитал

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран