УТРО.мк

Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии започнува со транспарентно објавување на сите буџетски исплати во изборниот период

Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии започнува со транспарентно објавување на сите буџетски исплати во изборниот период
Vero

Министерството за финансии од денеска започнува со транспарентно објавување на сите буџетски исплати во текот на изборниот период, согласно одредбите од Изборниот законик.

Како што информира министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, податоците ќе бидат достапни преку посебна база на веб-страницата на Министерството за финансии и ќе се објавуваат од денот на распишување на изборите до нивното завршување. Исклучок ќе бидат редовните исплати на плати, пензии и комунални трошоци.

Дополнително, ќе биде изготвен предизборен финансиски извештај со целосен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот.

Базата е достапна на следниот линк: finance.gov.mk.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран