УТРО.мк

Димитриеска – Кочоска: ЕБРД клучен партнер за развој и модерна инфраструктура

Димитриеска – Кочоска: ЕБРД клучен партнер за развој и модерна инфраструктура
Vero

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) останува најактивен меѓународен партнер на Северна Македонија во реализацијата на стратешки проекти од значење за граѓаните и економијата, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска.

На средбата со потпретседателот на ЕБРД, Матео Патроне, директорот за Западен Балкан, Матео Колангели, директорот во Бордот на ЕБРД, Рене ван Хел, и претставникот на ЕБРД во земјата, Фатих Туркменоглу, се разговараше за тековните проекти и идните инвестиции.

Досега, со поддршка на ЕБРД се реализирани 205 проекти во вредност од 3 милијарди евра, од кои најголем дел се насочени кон јавниот сектор. Активното портфолио на банката во земјата моментално изнесува 1,3 милијарди евра.

Министерката Димитриеска – Кочоска нагласи дека дополнителната поддршка преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Планот за раст на ЕУ е од клучно значење за приоритетните проекти на Владата.

„Ова партнерство е клучно за нашата држава – значи стабилен развој, модерна инфраструктура и европска иднина за сите граѓани,“ заклучи Димитриеска – Кочоска.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран