УТРО.мк

Димитриеска Кочоска: Дијалогот со странските инвеститори – клучен за подобра бизнис клима

Димитриеска Кочоска: Дијалогот со странските инвеститори – клучен за подобра бизнис клима
Vero

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, денеска одржа значаен состанок со Советот за странски инвеститори, на кој се разговараше за економските предизвици и можностите што ги нуди македонската економија.

Во отворен и конструктивен дијалог, странските инвеститори укажаа на областите кои бараат подобрување, како и на позитивните промени кои веќе се забележуваат. Министерката истакна дека за Владата овој тип комуникација е суштински, бидејќи овозможува реална проценка на теренските потреби.

„Наместо систем кој ги одбиваше инвеститорите, ние нудиме институционална поддршка, предвидливи политики и фер третман“, изјави Димитриеска – Кочоска.

Таа информираше дека Министерството за финансии континуирано работи на подобрување на бизнис-климата, при што како клучни постигнувања ги наведе:

намалувањето на царинските стапки со ЕУ за 67 тарифни стоки, донесувањето на усогласениот Закон за минимален глобален данок, воведувањето на меѓународни стандарди во сметководството.

Димитриеска – Кочоска потенцираше дека Македонија нуди нова слика – стабилна, предвидлива и ориентирана кон странски инвестиции, што, како што рече, ќе биде дополнително зајакнато преку активна комуникација и партнерство со бизнис-секторот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран