УТРО.мк

Божиновска: Инвестицијата во млади инженери е подеднакво важна како и вложувањето во енергетската инфраструктура

Божиновска: Инвестицијата во млади инженери е подеднакво важна како и вложувањето во енергетската инфраструктура
Vero

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026.

Во обраќањето, Божиновска ја истакна улогата на науката, иновациите и младите во создавањето сигурна и одржлива енергетска иднина. Таа нагласи дека младите веќе располагаат со знаење, идеи и потенцијал да придонесат за промени во секторот.

„Нашата задача е да им овозможиме нивните истражувања да прераснат во практични решенија, преку поврзување на универзитетите, институциите и компаниите“, посочи министерката.

Божиновска оствари и средба со деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, на која разговарале за продлабочување на соработката меѓу академската заедница и институциите.

Според министерката, ваквото поврзување е важно за знаењето и истражувањата на младите да добијат практична примена во развојот на енергетскиот сектор.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран