
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и заштита на ранливите потрошувачи.
Усвоен е Годишен план за 2026 година, целосно усогласен со стратешките документи на Владата, а со новиот Закон за енергетика се овозможува ефикасна интеграција на националниот пазар во регионалниот и европскиот пазар.
Министерството посвети внимание и на социјалната димензија, обезбедувајќи поддршка за илјадници домаќинства преку мерки за заштита на ранливите потрошувачи. Дополнително, е усвоен тригодишен план за реновирање на објектите на централната Влада, со цел модернизација и одржлива инфраструктура.























