УТРО.мк

Фабрика во Скопје опколена од специјалци

Фабрика во Скопје опколена од специјалци
Vero

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот на истрагата е насочен кон мрежа на компании и објекти во Скопје и Струмица, кои, според сомнежите, се поврзани со нелегалниот извоз на дрогата од македонска територија.   Попладнево, под силно полициско обезбедување, десетина комби-возила, 

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот на истрагата е насочен кон мрежа на компании и објекти во Скопје и Струмица, кои, според сомнежите, се поврзани со нелегалниот извоз на дрогата од македонска територија.

Попладнево, под силно полициско обезбедување, десетина комби-возила, пет до шест камиони и повеќе полициски возила влегоа во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што од синоќа се спроведуваат интензивни претреси. Пристапот до локацијата е целосно оневозможен, а просторот е затворен за јавноста, пренесува Плус инфо.

Како што дознаваме, предмет на претрес е фирмата „Алфафарм“, сместена во кругот на ОХИС, која е поврзана со случајот со запленетата марихуана во Србија. Во рамки на акцијата бил уапсен еден од нејзините ко-сопственици, додека друг, според неофицијални информации, се наоѓа во бегство. Еден од сопствениците, пак, бил приведен уште во рамки на полициската акција во Србија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран