УТРО.мк

Зголемување на платите на административците

Зголемување на платите на административците
Vero

По денешната средба во Владата, гранковиот синдикат УПОЗ соопшти дека ја прифаќа владината формула за зголемување на платите во администрацијата и правосудството.

Зголемувањето, според изјавите по средбата, ќе се реализира во три рати од по 8% годишно (наместо 10% како синдикално барање), а исплатата треба да почне од март, со услов претходно да поминат внатрешните процедури и да се потпишат колективни договори по институции.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, изјави дека Владата го прифатила синдикалното барање „не во целост“, но како суштински исчекор го посочи прифаќањето да се исплаќаат и додатоците на плата.

– За жал, не по 10 проценти, но не ги добивме минатата година. Меѓутоа сега Владата прифаќа да ги исплаќа отсега заедно со почеток од март, на начин на што сите институции во државна управа и правосудство, значи судови, обвинителства, ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право, рече Деаноски.

Мицкоски, одговарајќи вчера на новинарски прашања во врска со актуелните разговори за покачувањата на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници, рече дека Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран