УТРО.мк

Божиновска: ЕУ со поддршка од 5,2 милиони евра за енергетски реформи и зелена транзиција

Божиновска: ЕУ со поддршка од 5,2 милиони евра за енергетски реформи и зелена транзиција
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари продуктивна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас. На средбата се разговараше за реформите во енергетскиот сектор, унапредувањето на законодавството и новите стратешки документи што ќе го насочат развојот на енергетиката во земјава.

Божиновска истакна дека особено значајна е поддршката од Европската Унија преку инструментите ИПА III, во висина од 5,2 милиони евра, кои ќе помогнат во јакнењето на институциите, поддршка на зелената транзиција и обезбедување сигурна и одржлива енергетска иднина за граѓаните.

„Европската Унија е стратешки партнер на нашата земја, а оваа соработка е клучна за енергетската трансформација што ја водиме,“ нагласи министерката Божиновска.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран