
Со исплата на над 481 милион денари до повеќе од 12.400 лозари, земјоделската заедница го одбележа празникот Св. Трифун со конкретна поддршка за развојот на лозарството. Средствата се доделени преку Мерка 1.8, која обезбедува директни плаќања за одржување на веќе постоечките лозови насади, потврдувајќи ја заложбата на институциите за стабилен и одржлив развој на оваа гранка.























