УТРО.мк

МИСТЕРИЈА ВО ТЕТОВО: Мајка заведена како почината родила дете

МИСТЕРИЈА ВО ТЕТОВО: Мајка заведена како почината родила дете
Vero

Во СВР Тетово вчера во 13:40 часот тројца вработени во Центар за социјални работи Тетово пријавиле сомневање за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Според информациите, на 21 јануари 2026 година во Центарот пристигнало известување од Управа за водење матични книги дека на 8 декември 2025 година во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка А.С. (27). 

Меѓутоа, при постапката за регистрација на новороденчето во службените евиденции било утврдено дека мајката се води како почината на 21 октомври 2006 година.

По преземени мерки и испратени покани, на 12 февруари 2026 година лицето А.С. се појавила во Центарот за социјални работи заедно со новороденото дете и со уште едно машко лице. Притоа, не приложиле никаков документ за идентификација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран