УТРО.мк

Жена настрада, тројца повредени во сообраќајна несреќа кај Македонски Брод

Жена настрада, тројца повредени во сообраќајна несреќа кај Македонски Брод
Vero

На локалниот пат кај село Русјаци, општина Македонски Брод, вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа што заврши трагично за една жена. 41-годишната К.С.С. од Кичево го загуби животот откако автомобилот „Цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од нејзиниот сопруг, излета од коловозот и се преврте.

Жената на местото на несреќата се здоби со смртоносни повреди, а лекар ја констатира смртта. Нејзиното тело е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Во несреќата, освен трагично настраданата, повреди претрпеа и сопатниците: С.С. (69), М.С. (62) и едно шестгодишно дете. Тие веднаш беа пренесени во Општа болница Прилеп, каде им беше укажана итна медицинска помош.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран