УТРО.мк

Жена го нападнала сопругот и му се заканувала со остар предмет

Жена го нападнала сопругот и му се заканувала со остар предмет
Vero

Семејна расправија во Драчево завршила со пријава во полиција, откако 38-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, која потоа му се заканувала со остар предмет.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 15 септември околу 15 часот во СВР Скопје.

Мажот пријавил дека во својот дом во Драчево бил физички нападнат од сопругата Д.Р., со која во моментот бил во бракоразводна постапка.

Случајот е пријавен во полиција, а надлежните институции преземаат мерки за негово расчистување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin