УТРО.мк

Формула 1 со големи промени во 2027: Се враќаат Португалија и Турција, рекордни 10 спринта

Формула 1 со големи промени во 2027: Се враќаат Португалија и Турција, рекордни 10 спринта
Vero

ФИА и Формула 1 го објавија календарот за сезоната 2027, која ќе има 24 трки и рекордни 10 спринтерски викенди. Шампионатот ќе започне на 12 март во Бахреин, а финалето е закажано за 12 декември во Абу Даби.

Во календарот се враќаат трките во Португалија и Турција. Големата награда на Португалија на патеката Портимао е закажана од 18 до 20 јуни, додека Турција се враќа во октомври со трката во Истанбул од 1 до 3 октомври.

Од календарот за 2027 година отпаѓаат трките во Барселона и Зандворт, додека Мадрид останува во календарот како шпанска трка.

Посебно внимание привлекува проширувањето на спринтерскиот формат. Во 2027 година ќе има 10 спринтерски викенди, наместо досегашните шест. За првпат спринт ќе има и во Монако, како и во Бахреин, Австралија и Абу Даби.

Сезоната ќе започне во Бахреин, а потоа следуваат Саудиска Арабија, Австралија, Јапонија и Кина. Европскиот дел продолжува со трките во Мајами, Канада, Монако, Португалија, Велика Британија, Австрија, Белгија, Унгарија и Италија.

По трката во Монца следуваат Мадрид, Азербејџан, Турција и Сингапур, а завршницата на сезоната ќе се вози во Остин, Мексико Сити, Сао Паоло, Лас Вегас, Катар и Абу Даби.

<strong>Календар на Формула 1 за 2027 година:</strong>

  1. Бахреин – Сахир, 12-14 март (спринт)
  2. Саудиска Арабија – Џеда, 19-21 март
  3. Австралија – Мелбурн, 2-4 април (спринт)
  4. Јапонија – Сузука, 9-11 април (спринт)
  5. Кина – Шангај, 16-18 април
  6. САД – Мајами, 30 април-2 мај
  7. Канада – Монтреал, 21-23 мај (спринт)
  8. Монако – Монако, 4-6 јуни (спринт)
  9. Португалија – Портимао, 18-20 јуни
  10. Велика Британија – Силверстоун, 2-4 јули (спринт)
  11. Австрија – Шпилберг, 9-11 јули
  12. Белгија – Спа-Франкошам, 23-25 јули
  13. Унгарија – Будимпешта, 30 јули-1 август
  14. Италија – Монца, 3-5 септември (спринт)
  15. Шпанија – Мадрид, 10-12 септември
  16. Азербејџан – Баку, 24-26 септември
  17. Турција – Истанбул, 1-3 октомври
  18. Сингапур – Марина Беј, 8-10 октомври
  19. САД – Остин, 22-24 октомври
  20. Мексико – Мексико Сити, 29-31 октомври
  21. Бразил – Сао Паоло, 5-7 ноември (спринт)
  22. САД – Лас Вегас, 18-20 ноември
  23. Катар – Лусаил, 3-5 декември (спринт)
  24. Абу Даби – Јас Марина, 10-12 декември (спринт)
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin