УТРО.мк

Војниците „уапсија“ четворица Полјаци кои со четирицикли упаднале кај воените магацини во Еребино

Војниците „уапсија“ четворица Полјаци кои со четирицикли упаднале кај воените магацини во Еребино
Vero

Четворица државјани на Полска се приведени откако со четирицикли оштетиле влезна врата на воени магацини во местото Еребино, Тетово.

Инцидентот се случил на 28 септември околу 18:24 часот, кога група од седум лица со четирицикли пристигнала до објектот каде што се наоѓаат воени магацини.

Според информациите од полицијата, лицата ја оштетиле влезната врата, по што војниците кои биле на стража успеале да задржат четворица од нив. Станува збор за полски државјани на возраст од 36 до 55 години.

Приведените се осомничени за кривично дело „неовластено влегување во воени објекти“, предвидено во член 350 од Кривичниот законик.

Останатите три лица кои учествувале во инцидентот успеале да побегнат со четирициклите. Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање.

По целосното документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следуваат соодветни поднесоци.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран