УТРО.мк

Во Тетово полицијата одзеде три возила – Ова се причините

Во Тетово полицијата одзеде три возила – Ова се причините
Vero

На 17.02.2026 во 22:40 часот на ул. „Благоја Тоска“ во близина на крстосницата со ул. „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода М.Ц. (27), од Тетово. При сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко моторно возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, без возачка дозвола. Возилото е одземено, додека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.02.2026 во 00:20 часот на бул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Г.М. (19) од с. Синичане. При сообраќајна контрола било констатирано дека истиот управувал патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, без возачка дозвола. Возилото е одземено, додека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран