УТРО.мк

Внимание на измама: Жена остана без 16.592 денари по лажна СМС порака за сообраќаен прекршок

Внимание на измама: Жена остана без 16.592 денари по лажна СМС порака за сообраќаен прекршок
Vero

43-годишна жена од Велес пријавила во СВР Велес дека била измамена за сума од 16.592 денари, откако добила лажна СМС порака за наводен сообраќаен прекршок.

Според информациите од полицијата, на 5 мај 2026 година таа добила порака во која било наведено дека треба да плати казна за сторен сообраќаен прекршок. Во пораката имало линк до веб-страница со насоки за плаќање, а било наведено и дека доколку ги следи упатствата ќе може да плати само половина од износот на казната.

Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добивала известувања за неуспешно плаќање. Подоцна забележала дека од нејзината сметка биле повлечени 16.592 денари.

Случајот бил пријавен на 7 мај во 16:00 часот во СВР Велес, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран