
Полицијата од Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднела кривична пријава против 54-годишната Р.С. поради сомнение дека сторила кривично дело „оштетување и неовластен пристап до компјутерски систем“.
Според информациите од полицискиот билтен, случајот се однесува на настани од крајот на декември 2025 година, кога пријавената, користејќи податоци и полномошно од својот починат сопруг, извршила подигнување готовина од банкомат со дебитна картичка, како и дополнителни плаќања.
Исто така се наведува дека на 24 декември таа се појавила на шалтер во банка и, без да ја информира службата за смртта на сопругот, повторно го искористила полномошното за да подигне парични средства, при што ги довела во заблуда вработените во финансиската институција.
















